Само пет дена по завршување на есенскиот дел од сезоната, најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија остана без тренерот. Александар Васовски денеска си поднесе оставка.
Васовски одлуката за оставката ја објави на својата фејсбук-страница и ви ја пренесваме во целост:
„Почитувани спортски пријатели, сакам само да ви се обратам 2-3 дена по последниот натпревар на Вардар во оваа сезона. Факт е дека Вардар е на последното место на табелата, што секако не личи на клуб со реноме на клубот, меѓутоа проблемите кои веќе со години го мачат клубот не нè одминаа и оваа сезона. Освоени се 17 бода (чисти како солзи) без помош на пријател (никој ни нема ниту аут и фаул подарено), а камоли поени. Играта од натпреварот во напревар се поправаше, создававме многу шанси кои не ги реализиравме и со малку повеќе среќа ќе имавме уште 5-6 бода на нашето конто. Несреќна околност беше и повредата на нашиот капитен Мицевски и откажувањето на солидниот стопер Алаверда. Огромна благодарност до в.д. раководството од Комитите, кои одвојувајќи и свои средства помагаа во функционирање на клубот.
Благодарсност до навивачите, управата, вработените во клубот, а најмногу до фудбалерите кои вложија натчовечки напори да се постигнат позитивни резултати. Што се однесува до мене, јас ветив дека до декември ќе му помогнам на клубот надевајќи се дека ситуацијата ќе се подобри, меѓутоа очигледно се нема звук и стратегија од луѓето кои треба да донесат одлуки за доброто на клубот. Не можејќи повеќе да го носам товарот на таквото функционирање, се повлекувам од тренерската позиција во Вардар. На клубот му посакувам најубаво во иднина!!!, напиша Васовски на својот профил на „Фејсбук“.