Александар Велики е подготвен да оди во друга категорија за да се бори против Нурмагомедов

Александар Велики Волкановски призна дека е подготвен да придодаде некој килограм и да се пресели во лесна категорија во ултимејт фајт само за да добие шанса да се бори со големиот шампион Хабиб Нурмагомедов. Летово Австралиецот со македонско потекло има закажано борба против Американецот Макс Халовеј.

„Не ми се допаѓа кога луѓето по секоја цена сакаат да сменат категорија, но евентуална битка со Хабиб секако е добра опција за мене. Сега прво треба да го заштитам мојот појас, но ако за почетокот на наредната година ми понудат борба со Хабиб, без размислување ќе ја прифатам. Хабиб е еден од најголемите борци, имам само почит кон него, но сакам да се докажам и во лесна категорија“, изјави Волкановски, кој е првак во перолесна категорија и ќе треба да зголеми малку од својата килажа за да може да се бори во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести