Александер Зверев е под истрага и може да добие доживотна суспензија од АТП

Александер Зверев се наоѓа под истрага од страна на АТП под сомнение дека физички ја злоставувал својата поранешна девојка Олга Шарипова.

Германскиот рекет, според изјавата на Шарипова, сакал да ја загуши со перница и да и ја удри главата од ѕид, но таа во последен момент се спасила.

„АТП во целост се спротивставува на вакво однесување и доколку се покаже дека е точно, тогаш ќе дејствува според своите правила“, се вели во соопштението на АТП.

Зверев ги негира ваквите обвинувања, а во август се одлуичи и да направи контратужба, со која би ја докажал невиноста. Доколку, пак, судот пресуди во корист на неговата бивша девојка, тогаш му се заканува и доживотна суспензија.

- Оглас -

Најнови вести