После мини-кризата од два меча по ред без победа, Ливерпул се врати на победничкиот пат, со рутински 4-0 го совлада четвртолигашот Акрингтон во 32-финалето на ФА купот.
Диого Жота го отвори резултатот, на 2-0 со убав гол зголеми Трент Александер-Арнолд, за 3-0 погоди 18-годишниот Џејден Данс на кого ова му е прв гол во дресот на првиот тим на Црвените. Данс играше со дрес со бројот 76. Веднаш почнаа пофалби за талентот кој некои го нарекоа новиот Фирмино. Точка стави Федерико Кјеза на кого ова му беше прв гол откако дојде во Ливерпул и потсети дека е добар играч.
Менаџерот Арне Слот денеска ги одмори Алисон, Ван Дајк, Конате, Гравенберх, Салах, Гакпо.
Captain Trent ©️@TrentAA with a beauty from distance for @LFC 🚀#EmiratesFACup pic.twitter.com/OHrTuA84Te
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) January 11, 2025