10.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

Александер Исак почна со лесни тренинзи по тешката повреда на ногата

Рекордната инвестиција на Ливерпул, шведскиот напаѓач Александер Исак, направи важна напредок во процесот на опоравување по тешката повреда. Напаѓачот денеска беше забележан како изведува вежби во фитнес-салата и лесни тренинзи со топка во тренинг базата на клубот.

Исак, вреден 125 милиони фунти, се повреди сериозно во декември за време на победата на Ливерпул со 2-1 против Тотенхем во Лондон. Тој влезе како резерва на полувремето и постигна гол по асистенција на Флоријан Вирц, но само 11 минути подоцна беше принуден да излезе по судир со Мики ван де Вен.

Дијагнозата покажа скршеница на ногата и дополнителна повреда на глуждот, по што следеше операција. Клубот не објави прецизен рок за враќање на терен.

За Ливерпул е критично важно најскапиот фудбалер во историјата на британскиот фудбал да се врати што е можно побрзо, особено во пресрет на важните натпревари во втората половина од сезоната, кога тимот ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести