27.8 C
Skopje
понеделник, 4 август 2025

Александер Исак се врати на тренинзите на Њукасл

Шведскиот репрезентативец Александер Исак започна со тренинзи со англискиот фудбалски премиерлигаш Њукасл, откако претходно тренираше индивидуално во Шпанија.

Тој инсистира на трансфер во Ливерпул, но првата понуда од Црвените беше одбиена.

Исак пристигна во тренинг-базата на Њукасл утрово, но се врати во Англија уште во саботата попладне.

Швеѓанецот тренираше на базата на својот поранешен клуб Реал Сосиедад, откако одби да патува со Њукасл на турнејата во Азија.

Според различни информации, напаѓачот се лекувал од повреда на бутниот мускул и се рехабилитирал во Шпанија.

Според информациите на „Скај Спортс“, првата понуда од Ливерпул за трансфер изнесувала 110 милиони фунти, плус дополнителни бонуси.

Њукасл не сака да го продаде Исак, но раководството би можело да размисли ако пристигне понуда од 150 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести