36.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Александер Исак со категоричен став, не сака веќе да игра за Њукасл

Шведскиот репрезентативец Александер Исак, според пишувањата на медиумите, е решен дека неговата епизода во Њукасл завршува, без разлика дали трансферот во Ливерпул ќе се реализира или не. Напаѓачот не планира повторно да го носи дресот на Њукасл бидејќи односите со управата му се сериозно нарушени.

Исак го пропушти целиот претсезонски период со тимот, додека Ливерпул внимателно ја следи ситуацијата. Како што откриваат британските медиуми, 24-годишниот фудбалер јасно ставил до знаење дека својата иднина не ја гледа на „Сент Џејмс парк“.

Дури и ако летниот преоден рок заврши без трансфер, тој нема намера да настапува за клубот.

Причината за ваквиот став датира од летото 2023 година, кога од раководството му било порачано дека нема да добие нов договор, со образложение дека клубот мора да се придржува до правилата за финансиски ферплеј.

Иако неговиот тековен договор трае до 2028 година, Исак го сфатил тоа како сигнал да почне да се подготвува за заминување по сезоната 2024/25. Од Њукасл, пак, тврдат дека тоа никогаш не било официјално одлучено и дека идејата била преговорите за нов договор да се водат по завршувањето на минатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести