Даниела Алексовска, најдобрата македонска фајтерка во бразилското џиу-џицу, е пред најголемиот предизвик во досегашниот дел од кариерата. Тинејџерката која има одлични резултати и многу освоени медали во младинска и сениорска конкуренција сега е во Абу Даби, каде што ќе учествува на Светското првенство.
Ова е првпат наш натпреварувач да биде дел од најголемиот светски настан на кој ќе има над 5.000 натпреварувачи од повеќе од 75 земји.
Алексовска ќе се бори во категорија на највисоко рангираните натпреварувачи во светот во младинска конкуренција. Според критериумите, виолетовиот појас е најголемо достигнување за борци до 18 години, а Алексовска има токму таков појас, што е потврда за нејзиниот квалитет.
Sport Life како општествено одговорна компанија го препозна квалитетот и талентот на Алексовска и ја поддржува во остварувањето на успесите и во иднина.