Ален Омиќ e нов кошаркар на Будуќност

Неодамнешниот кошаркар на Црвена ѕвезда, Ален Омиќ, од денес е нов член на актуелниот првак од АБА-лигата, тимот на Будуќност. Со ангажманот на словенечкиот центар, Будуќност доби квалитетно засилување за претстојната сезона во Евролигата.

Иако засега не се познати сите информации околу неговиот договор, се претпоставува дека Омиќ потпишал едногодишна соработка, со можност за продолжување на уште една сезона, доколку двете страни се согласат. Будуќност реши голем проблем со трансферот на Омиќ, откако беа хендикепирани на центарската позиција за време на Суперкупот во АБА, каде што во финалето загубија од Црвена ѕвезда, минатогодишниот противник во финалето на јадранското првенство.

Омиќ во Ѕвезда пристигна во јануари како засилување од Хапоел Ерусалим, настапи на 11 натпревари во Евролигата, каде што бележеше просек од девет поени и четири скока, додека во АБА-лигата одржуваше просек од 11 поени, пет скока и две асистенции на 12-те меча кои ги одигра во дресот на белградскиот клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести