Победник на меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје беше нашиот најдобар боксер Ален Рустемовски.
Рустемовски ја прикажа најдобрата борба на турнирот и успеа да ја запали публиката во „Борис Трајковски“, која го дочека крајот на мечот на нозе. Славеше со едногласна одлука против англискиот боксер Џозеф Тарнер.
Со извонредна техничка подготвеност, борбен дух и атрактивен стил, особено разорни беа неговите аперкати.
Најдобар македонски боксер беше Ален Рустемовски, додека Даврон Бозоров беше избран за најдобар странски боксер.
Џозеф Тарнер од Англија беше прогласен за најдобар техничар, а Рио Гордон од Англија и Наум Стојаноски за најборбен пар. Михал Мунетан од Молдавија беше избран за најдобар тренер, а Роберт Винеман за најдобар судија.

