Карлес Алења предизвика бес кај навивачите на Барселона, а клубот не можеше да го сокрие скандалот и неговиот атак на расна основа наменет за Усман Дембеле.
Алења на една фотографија наменета за Дембеле, можеби и на шега, но многу несмасно напиша дека „Дембеле е црно копиле“.
Навредата е голема, особено што клубовите, но и ФИФА и УЕФА се немилосрдни кога е во прашање навреда на расна основа, па Алења ќе се соочи со голема казна во Барселона, а можно е да дојде и до разделба.