Фудбалерот од Брегот на слоновата коска, Себастиен Алер, во минатата сезона се прослави со многу голови во Лигата на шампионите во дресот на Ајакс, па беше доведен во Борусија Дортмунд како мега засилување кое треба да ја пополни празнината по заминувањето на Ерлинг Халанд.
Но, судбината имаше поинаков план, во јули беше откриено дека Алер има рак на тестисите и тоа го оддалечи од фудбалските терени, имаше две операции, а голгетерот повеќе време минуваше по болници и одеше на хемотерапии.
Сега за среќа болеста е минато, и Алер денеска го очекува своето деби во дресот на Борусија. За оваа прилика, тој има копачки на кои пишува „Е.и се канцеру!“.
Доколку верувате дека Алер ќе даде гол на својот прв официјален меч за Борусија, може да уплатите во Sport Life, квотата е 2.00.