Алесандро дел Пјеро ќе биде кандидат за претседател на Италијанската фудбалска федерација

Според италијанските медиуми, легендата на Јувентус и на италијанскиот фудбал, Алесандро дел Пјеро, деновиве добил повици од врвни клубови од Серија А кои се распрашувале дали е заинтересиран да се кандидира за претседател на Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ).

Актуелниот претседател на ФИГЦ, Габриеле Гравина, ќе се кандидира за реизбор во 2025 година, а Дел Пјеро сè уште нема потврдено, но ниту негира дека ќе биде еден од кандидатите.

Дел Пјеро е дел од стручниот тим на телевизијата Скај спорт Италија и ги коментира натпреварите од Лигата на шампионите.

Популарниот Пинтурикио потенцијално би можело да ги обедини најголемите клубови во Италија да застанат зад него, како и другите и делегати кои ќе гласаат на Собранието на 3 февруари.

Собранието на ФИГЦ се состои од клубови од Серија А, Серија Б, Лега Про и Лега национале Дилетанти, плус 52-ца спортисти, 26-мина тренери и деветмина претставници на судиите. Има вкупно 276-мина делегати, а за да стане кандидат за претседател, му требаат 11 потписи од 20-те прволигаши.

- Оглас -

Најнови вести