20.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Алесандро Флоренци стави крај на фудбалската кариера

Поранешниот десен бек на Рома и на Милан, Алесандро Флоренци, на 34-годишна возраст објави крај на својата професионална фудбалска кариера. Италијанецот одлуката ја соопшти преку својот профил на „Инстаграм“.

Флоренци ја започна кариерата во академијата на Рома уште на 11-годишна возраст и остана дел од клубот цели две децении. За првиот тим одигра 280 натпревари. Во 2019 година беше позајмен во Валенсија, а потоа настапуваше и за ПСЖ и за Милан како позајмен играч. Во 2022 година Росонерите го купија целосно, но честите повреди го ограничија на 77 настапи во четири сезони.

Иако летово имаше понуди од Валенсија, од Севиља и од клубови во Турција, Флоренци одлучи дека е вистински момент да стави точка на кариерата.

За италијанската репрезентација запиша 49 настапи и постигна два гола, а најголемиот успех му беше титулата европски првак на ЕВРО 2020.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ALESSANDRO FLORENZI (@florenzi)

- Оглас -

Најнови вести