22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Алфа Ромео се ребрендира, спонзорот на Евертон влегува и во Формула 1

Во новата Формула 1 сезона нема да има големи измени и повторно ќе настапат 10 екипи. Сепак, една од екипите ќе биде ребрендирана и ќе настапува под ново име. Се работи за швајцарската лиценца на Заубер, која минатата година возеше под името Алфа Ромео – Ферари, а оваа година ќе се вика Стејк Ф1 тим.

Тоа значи дека спонзорот на премиерлигашот Евертон влегува и во Формула 1, а болидите ќе бидат брендирани токму со нивното име.

Жу и Ботас се очекува да останат возачи на екипата и во 2024-тата година, во која екипата ќе влезе со поголеми амбиции од деветтото место кое го освоија минатата 2023-та година. Единствената екипа која заврши позади нив беше Хас Ферари.

- Оглас -

Најнови вести