Алфонсо Дејвис има девојка која игра за ПСЖ, двајцата може да бидат европски шампиони!

Најпознатата канадска фудбалска љубовна двојка Алфонсо Дејвис и Џордин Хиутема се најдоа во центарот на вниманието поради испреплетувањето на нивните клубови во Лигата на шампионите. Левиот бек Дејвис игра за Баерн Минхен, а девојка му е напаѓач на женската екипа на ПСЖ.

Мажите од ПСЖ в недела играат финале против Дејвис и Баерн во Лигата на шампионите. Шанса да игра финале во женска конкуренција има и Џордин бидејќи парискиот тим е во четвртфиналето. В недела вечер во Лисабон нејзиното момче игра против нејзиниот клуб од кој зема плата. Тука ќе постои мала дилема за кого да навива. Кој и да победи, Џордин ќе биде среќна.

 

А, ако на 30 август женскиот тим на ПСЖ стигне до финалето, Дејвис ќе мора да навива за ПСЖ, но што ќе биде ако и во женската ЛШ играат Баерн и ПСЖ (може да се сретнат во полуфинале) бидејќи и девојките од Баерн се четвртфиналистки?

Супербрзиот Дејвис, кој има 19 години и играч чија цена вртоглаво расте по игрите во ЛШ, повеќе од три години е во врска со Џордин, која е негова врсничка. Канаѓанецот првпат ќе игра финале на ЛШ, а доколку двајцата се закитат со титули во ЛШ, ќе испишат историја и ќе бидат првиот љубовен пар кому му успеало тоа во иста сезона.

- Оглас -

Најнови вести