Алгоритамска грешка или „Гугл“ знае сè: Пребарувачот објави кои репрезентации ќе играат во финалето на СП во Катар!

Познатиот интернет-пребарувач „Гугл“, кој „знае сè“, објави дека на 18 декември во Лусаил, во финалето на Светското првенство во фудбал ќе играат репрезентациите на Бразил и Франција.

Ако пред неколку часа пребаравте на „Гугл“ кои се следните настани што ќе се одржат на стадионот во Лусаил во Катар, меѓу другото стоеше и меч Бразил – Франција на 18 декември, денот кога на овој стадион треба да се игра финалето на Мундијалот.

Подоцна ова беше тргнато, а прашањето дали станува збор за алгоритамска грешка или во „Гугл“ однапред знаат кои селекции ќе бидат финалисти, ќе остане отворено уште некој период. Доколку навистина во финалето играат Кариоките и Триколорите, ќе се засилат теориите на заговор дека одамна било „договорено“ кој треба да игра во финале.

Според квотите во обложувалниците Sport Life, Бразил и Франција се главни фаворити за титула, а по нив следуваат Аргентина, Англија и Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести