Деле Али ќе игра за Тотенхем на вечното севернолондонско дерби против Арсенал во недела, на први септември, што ќе биде вистински потстрек и засилување за гостите и актуелниот европски вицешампиони.
Репрезентативецот на Англија долго паузира поради проблеми со тетивата, но според најавите, ќе биде стартер против Арсенал на „Емирејтс“ во дербито на четвртото коло во Премиер лигата.
Офанзивецот на Тотенхем беше резерва на дуелот со Њукасл што неговите соиграчи го загубија со 0:1, но Маурисио Покетино одлучи да не ризикува и покрај негативниот резултат, не го внесе во игра англискиот репрезентативец.
Али сè уште не играл за Тотенхем во новата сезона и дуелот со Арсенал, па ако се остварат најавите за негов настап, ќе му биде деби во Премиер лигата за оваа сезона.