Алијев: Македонија е силен тим со квалитетни играчи кои покажаа карактер против фаворитот Белгија

Репрезентацијата на Казахстан е подготвена за утрешниот дуел против Македонија во квалификациите за Светското првенство, вели селекторот Али Алијев. Казахстан има една победа и еден пораз по две одиграни средби, а сега верува дека против Македонија може да направи добар резултат.

Алијев потенцираше дека Македонија има силен тим, но дека Казахстан ќе оди да освои бодови.

„Македонија има добар тим, со квалитетни поединци како што се Елиф Елмас, Барди, Трајковски и други. Пред три дена играа против Белгија и покажаа карактер. Губеа, но не се откажаа и на крајот постигнаа гол за нерешено. Покажаа дека имаат силен тим, со квалитетни играчи, но секако и ние имаме свои адути. Верувам дека можеме да направиме добар резултат“, рече Алијев на денешната прес конференција.

Во терминот кога Македонија играше против Белгија, Казахстан одигра пријателски меч против Белорусија кој го загуби со убедливи 4:1. Селекторот Алијев најави дека очекува против Македонија, неговите избраници да одиграат многу подобар меч.

Еден од најдобрите во тимот н Казахстан е Максим Шамородов, кој летово направи трансфер во Челзи.

„И покрај поразот од Белорусија, во репрезентацијата владее позитивна атмосфера. Ние ќе дадеме се од себе да направиме добар резултат против Македонија“, вели првата ѕвезда во составот на Казахстан.

- Оглас -

Најнови вести