Крилото на Лидс јунајтед, нашиот Езѓан Алиоски, во пресрет на натпреварот против Шефилд вензди откри неколку детали од неговата досегашна соработка со Марсело Бjелса. Лидс во минатато коло првпат претрпе пораз сезонава, пред своја публика загуби со 2-1 од Бирмингaм, а Алиоски посочи дека дури по тој пораз го виделе вистинското лице на Бjелса, тренерот кој мрази да губи.
„Лошо е кога губиш, а за тренер го имаш Бjелса, човек кој едноставно мрази да губи. Поразот во фудбалот е неизбежен, кога-тогаш мора да изгубиш, но, добро е што имаме тренер кој мрази да губи. Бjелса постојано комуницира со нас, ни ги потенцира грешките, ни помага да се подобриме во сегменти кои ни се слаба точка. Постојат тренери кои само ти кажуваат што правиш добро, но не и Бjелса, тој настојува да ни каже во што грешиме, за да не се повтори. Најважно е што верува во нас, а јас и моите соиграчи научивме дека ќе нè чека тешка и напорна недела секој нареден пат кога ќе изгубиме“, истакна Алиоски во пресрет на мечот против Шефилд вензди, мечот закажан за денес во 20.45 часот.