Езџан Алиоски во новата сезона ќе го носи дресот на Галатасарај. Ова го најавува турскиот весник „Фанатик“, каде што пишува дека Алиоски веќе се договорил со турскиот гигант и останува само официјално да биде потврден договорот.
Засега уште се крие на колку години ќе биде потпишан договорот и која ќе биде сумата што ќе ја заработува македонскиот репрезентативец. Алиоски во претходните четири сезони го носеше дресот на Лидс, со којшто успешно играше и во Премиер лигата.
Сепак, по завршување на тој договор, популарниот Џани реши дека му е потребен нов предизвик, па за негов следен клуб го одбра најтрофејниот во турското првенство. Освен Галатасарај, за Алиоски се интересираа и Фенербахче и Трабзонспор, но, сепак, офанзивниот лев бек се одлучи да го облече дресот на Галатасарај.