Македонскиот репрезентативен лев бек Езџан Алиоски кој е играч на Лидс, даде изјава за спортската телевизија „Спорт Клуб“ во која после натпреварот со Манчестер јунајтед кој заврши 0-0, рече дека смета оти судијата не досудил пенал за нив во првото полувреме затоа што противникот поголем клуб.
„Не знам дали беше пенал, не видов, бев далеку. Треба да ја погледнам снимката, но мислам да беше за Манчестер јунајтед судијата ќе досудеше пенал. Тоа не е фер, но нема врска, тоа е фудбалот“ – изјави Алиоски.