Езѓан Алиоски во претстојната сезона ќе го носи дресот на турскиот гигант Фенербахче. Вицешампионот го ангажира македонскиот лев бек на едногодишна позајмица од Ал-Ахли.
Bilgilendirme
Kulübümüz, Suudi Arabistan’ın Al Ahli takımında forma giyen Ezgjan Alioski’nin kiralık transferi konusunda kulübü ile prensip anlaşmasına varmıştır. Oyuncu görüşmeleri sürdürmek için bu akşam İstanbul’a gelecektir. Kamuoyunun bilgisine sunarız. pic.twitter.com/ahTiQn4DUa
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) August 1, 2022
Фенер постигна договор со клубот од Саудиска Арабија и сега се чека Џани во најскоро време да пристигне во Истанбул. По комплетирањето на медицинските прегледи, Алиоски ќе биде претставен во новиот клуб.
Долго време Езѓан чекаше да ја реши судбината со цел да замине од Саудиска Арабија. Шампионот Трабзон требаше да биде негов нов клуб, но тој трансфер пропадна, па се обиде Бешикташ да ги добие услугите на македонскиот репрезентативец.
Алиоски ќе има прилика да дебитира за Фенер веќе следниот викенд, во премиерното коло од турската Суперлига против Умраниеспор на 8 август.