Алиоски играч на колото во квалификациите за СП 2022

Македонскиот репрезентативен лев бек Езѓан Алиоски е избран за најдобар играч во петтото коло од квалификациите за Светското првенство.

Алиоски на гостувањето кај Исланд имаше асистенција и гол и е сместен на првото место на рангирањето за петтото коло. Зад Алиоски, на второто место е голманот на Швајцарија, Јан Зомер, кој беше одличен на голот против Италија и одбрани пенал, а трет е Микола Шапаренко од Украина, кој беше стрелец на прекрасен гол против Франција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести