Алиоски им бил понуден на Рома и Милан!

Македонскиот лев бек Езџан Алиоски откако официјално ја одби понудата од Лидс за продолжување на договорот, ќе ја напушти Премиер лигата, а неговиот агент е во разговори со повеќе клубови.

Познато е дека Џани преговара со Галатасарај, како заинтересиран клуб за него се спомнува и Трабзонспор, можно е Алиоски да се пресели во Русија, во ЦСКА Москва, а денеска се појави информација дека популарниот Џани им бил понуден на Милан и Рома.

Италијанскиот новинар Николо Скира на „Твитер“ објави дека агентот на Алиоски им го понудил на калчолигашите Рома и Милан.

- Оглас -

Најнови вести