Не се пишува како асистенција, но Езџан Алиоски е вистинскиот „виновник“ за печатот на победата на Лидс од 3:1 против Дерби, откако со прекрасен центаршут го принуди Мет Кларк сам да си ја затресе мрежата.
Алиоски играше на позицијата што му е омилена, како лево крило и одигра одличен меч на „Прајд парк“. Во 84. минута испрати центаршут во шеснаесетникот на Дерби, а Кларк си постигна автогол.
https://www.youtube.com/watch?v=jwm7ProfyMk
Лидс одигра ревијален меч против тимот чиј капитен е легендарниот Вејн Руни и успеа да победи со што само се зацрвсти на првото место во Чемпионшип лигата.
Клубот од Јоркшир веќе може да се подготвува за настпа во Премиерлигата, каде ќе игра по 16 години пауза. Алиоски го одигра целиот меч против Дерби, а на Лидс му остана само последниот меч во оваа сезона, за три дена на својот„Еланд Роуд“ против Чарлтон.