Алиоски ќе игра четвртфинале во азиската Лига на шампиони

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езџан Алиоски, вечерва одигра десетина минути во победата на неговиот Ал-Ахли против катарски Ал-Рајан од 2-0, со што саудискиот тим се пласираше во четвртфиналето на азиската Лига на шампиони.

Двата гола за Ал-Ахли ги даде Ријад Марез. Алиоски влезе во игра во 88-ма минута на местото на Галено, а имаше и 8 минути судиско продолжение.

- Оглас -

Најнови вести