Езѓан Алиоски е пред договор со Бешикташ и во следните два дена се очекува и потпис на договорот со турскиот гигант откако е јасно дека популарниот Џани веќе нема да игра за Ал-Ахли.
Клубот од Саудиска Арабија објави список со играчи што ќе патуваат на подготовки во Турција и на него го нема Алиоски.
https://twitter.com/EBernardo_/status/1550189034529558530?s=20&t=zsOS3VBw3ov6L4p1k7qY8Q
Нашиот репрезентативец има важечки договор со Ал-Ахли на уште една година, но и клаузула според која може да си замине, ако клубот испадне од Првата лига.
Тоа и се случи, а очигледно е дека менаџерот на Алиоски и тој самиот одлучиле да ја активираат клаузулата.
Долго се најавуваше дека Џани ќе потпише договор со првакот на Труција, Трабзонспор, но оддеднаш се случи пресврт и трансферот пропадна.
Тоа сака да го искористи Бешикташ, клуб кој беше заинтересиран за Алиоски кога нашиот репрезентативец си замина од Лидс, но тогаш Езѓан одлучи да замине во Ал-Ахли.
Бешикташ е еден од трите фудбалски гиганти во Турција и има 21 титула, на третото место на вечната листа, зад градските ривали Фенербахче со 28 и Галатасарај со 23.