Езѓан Алиоски ќе се памети како стрелец на вториот гол на Македонија на Европските првенства, но нашиот бек жали што и покрај напорите во вториот дел, Рисовите загубија од Украина.
„Пораз е пораз, без разлика дали е со 1-2 или 1-3. Мислам дека во првото полувреме моравме да играме поагресивно. Примивме два гола по кои беше тешко да се вратиме резултатски. Така како што игравме во второто полувреме требаше да се покажеме од самиот почетокот. Ни беше важно да освоиме барем бода против Украина, секако дека жалиме што не ја искористивме играта во вторите 45 минути“, посочи Алиоски.