Алиоски: На крајот на првенството ќе видиме каде сме

Езџан Алиоски беше разочаран по поразот од Австрија и рече дека на следните два меча со Украина и Холандија ако сака поволен резултат, Македонија мора да игра добро 90 минути, а не само 70 како вечерва.

„Знаевме дека Австрија има добри индивидуалци, дека физички се многу силни, ние направивме две грешки по кои примавме голови. Супер игравме 70 минути, само на крајот примивме два гола и сите ќе мислат дека не сме физички спремни, но не е така. Се виде дека треба да играме 90 минути. Одиме напред, сега треба да се одмориме, уште два меча во групата се пред нас, па на крајот ќе видиме каде сме“, рече Алиоски.

- Оглас -

Најнови вести