Голманот Анатолиј Трубин беше еден од најдобрите поединци во украинскиот тим на мечот против Македонија, во неколку ситуации спасуваше чист гол, но нашиот лев бек Езџан Алиоски, и не е толку импресиониран.
„Трубин? Не знам дали беше најдобар на терен, но добро си ја заврши работата. Имаше неколку одбрани, а и среќата беше на негова страна. Тој е одличен голман, не знам дали може да го споредам со Столе Димитриевски. Не сум подготвен толку многу да го фалам Трубин, бидејќи ние шутиравме право во него и лесно му беше да ги одбрани шутевите“ – изјави Алиоски.