Алиоски оптимист: И на „Олд Трафорд“ ќе одиме на победа

Езџан Алиоски, бекот на Лидс и на македонската репрезентација, синоќа стана прв македонски фудбалер по 22 години и 8 месеци кој дал гол во англиската Премиер лига и самодовербата му порасна на уште повисоко ниво.

„Убаво е кога ќе се победи, важно е за нашата мотивација и морал, како и за тимскиот дух. Уживаме во секој натпревар, иако некогаш сме тажни по мечевите. Секогаш даваме максимум, некогаш резултатите не се како што сакаме, но секогаш веруваме дека следниот успехот ќе дојде ако сфатиме колку сме добри кога играме како тим. Убаво е да се види како пет различни играчи дадоа гол“, изјави Алиоски.

Популарниот Џани најави дека Лидс и в недела ќе оди на победа, иако за противник го има стариот ривал Манчестер јунајтед, и тоа на неговиот „Олд Трафорд“.

„Нема одмор, мора брзо да закрепнеме. Ќе ги анализираме мечот со Њукасл и следниот со Манчестер. Ќе треба да тренираме напорно за да извојуваме нова победа“, додава Алиоски.

- Оглас -

Најнови вести