Алиоски половина година „ни на небо ни на земја“

Турскиот прволигаш Анкарагучу беше заинтересиран за привлекување на македонскиот репрезентативен лев бек Езџан Алиоски, но трансферот нема да се оствари, неофицијално, поради високата плата која ја барал популарниот Џани.

Интерес за Алиоски, кој има играно за Фенербахче, имаше и од други турски клубови, во прв ред Трабзонспор, но македонскиот репрезентативец и понатаму е заглавен во саудискиот Ал-Ахли, со кого има договор и тренира со тимот, но не е регистриран за настап на официјални мечеви.

Пред десетина дена Алиоски играше на пријателски мечеви во дресот на Ал-Ахли, но не може да игра на официјалните. Ал-Ахли има осум странци кои се пријавени. Меѓу нив се големи ѕвезди како Фирмино, Марез, Кеси, Веига, Демирал, голманот Менди.

- Оглас -

Најнови вести