Алиоски повторно ќе заигра во турската лига, но не во Фенербахче?!

Турскиот прволигаш Ризеспор е во активни преговори со македонскиот репрезентативен лев бек Езџан Алиоски, а според турските медиуми, договорот е блиску.

За популарниот Џани тоа би било враќање во турската Суперлига, откако играше таму и како позајмен во Фенербахче. Алиоски е слободен и може веднаш да потпише и да игра. Тренерот Илхан Палут не е задоволен од левите бекови на тимот од градот на црноморското приморје, и барал да се донесе играч од типот на 32-годишниот Алиоски.

- Оглас -

Најнови вести