Македонскиот репрезентативен фудбалер Езѓан Алиоски го заврши својот престој во Ал-Ахли од Саудиска Арабија. Откако клубот испадна во втора лига, Џани и клубот спогодбено се договорија за прекин на соработката.
Алиоски сега е слободен играч и може без отштета да потпише за кој било клуб. Фаворит за потписот на Алиоски е турскиот првак Трабзонспор, а интерес има и од Галатасарај, но истанбулскиот клуб досега немал конкретна понуда и затоа Трабзон е во предност во трката.
Алиоски на 30 меча во дресот на Ал-Ахли имаше 6 гола и 9 асистенции.