Македонското репрезентативно крило, Езџан Алиоски, излезе од игра само по 10 минути игра на гостувањето на Лидс кај Брентфорд од англиската Шампионат лига. Алиоски своето место му го препушти на Стјуарт Далас, а домашниот тим поведе со 1-0 при крајот на првото полувреме. Доколку Лидс загуби, а губи со 0-2 во моментов, ќе остане трети на табелата со три бода помалку од Шефилд јунајтед, кој е втор. Второто место носи директен пласман во Премиер лигата, а третото води во разигрување за пласман во елитата.