Завршувањето на сезоната во турската лига значеше и завршување на позајмицата на Езџан Алиоски од Ал Ахли во Фенербахче, па македонскиот репрезентативен лев бек, се враќа во саудискиот тим.
Ал Ахли кој испадна од првата саудиска лига во последната сезона со Алиоски во составот, експресно се врати во елитното друштво, сега е доста поамбициозен, летово го купи голманот Едуард Менди од Челзи, а испратија и мега богата понуда за Ријад Марез од Манчестер сити.
Алиоски преку видео на социјалните мрежи се прости од Фенербахче и им се заблагодари на фановите за поддршката: