Алиоски со Ал-Ахли ќе игра финале на азиската Лига на шампиони!

Македонскиот репрезентативен лев бек, Езџан Алиоски, ќе игра во финалето на азиската Лига на шампиони, и се наоѓа на 90 минути од првата титула првак на Азија за неговиот клуб Ал-Ахли.

Тимот од Џеда вечерва во Ријад во првото полуфинале го надигра и победи саудискиот првак Ал-Хилал со 3-1. Стрелци на головите за победникот беа Фирмино, Тони и Ал Бураикан. Ал-Ахли утна и пенал, неколку пати ја погодуваа стативата и беа многу подобри.

Другото полуфинале е утре, а играат Ал-Наср против Кавасаки од Јапонија, што значи дека е можно саудиско финале и дуел на Алиоски против Кристијано Роналдо.

Алиоски кој сезонава игра за Ал-Ахли само во азиската ЛШ, вечерва одигра цел меч, а мораше да внимава, бидејќи уште во прва минута доби жолт картон. Популарниот Џани добро се справи со Бразилецот Малком кој е десно крило на Ал-Хилал и покажа дека за него треба да има место и во финалето.

- Оглас -

Најнови вести