Езџан Алиоски постигна гол во првиот меч што го одигра за Ал-Ахли во првенството на Саудиска Арабија. Македонскиот репрезентативец летово реши да си замине од англискиот премиерлигаш Лидс за да го облече дресот на Ал-Ахли.
Популарниот Џани вечерва дебитираше за Ал-Ахли, и тоа на гостински терен кај Ал-Хазем, а на крајот мечот заврши 2:2. Иако Ал-Ахли беше фаворит за освојување на трите бода, домаќините беа тие кои поведоа со 2:0 во првото полувреме.
Во 78-мата минута беше досуден пенал за Ал-Ахли, а Алиоски ја презема одговорноста да шутира и успеа да погоди за 2:1.
До крајот на мечот, Паулињо погоди за 2:2. По две одиграни кола, Ал-Ахли има два нерешени меча.