2806 Силкеборг – Алборг (19.00 часот)
Силкеборг добро ја отвори сезоната во данскиот шампионат, освои 7 бода во првите три кола, па затоа може да се каже дека е фаворит против Алборг, кој уште нема победа и освои само еден бод во првите три рунди. Силкеборг на сите три меча даваше барем два гола, додека Алборг засега не успева да постигне повеќе од еден. Во минатата сезона Силкеборг двапати го победуваше Алборг во мечеви со три или повеќе голови.
Предлог тип: 1 (1.75)
2608 Хакен – Хелсингборг (19.00 часот)
Хакен е втор на табелата во шведската лига по 16 кола, но почна да игра променливо, во последните три кола има по една победа, пораз и реми. Хакен е најефикасен тим во лигата со 37 дадени голови на 16 настапи, но има и 25 примени голови, повеќе од кој било друг тим од горната половина на табелата. Само еднаш не играше „гол-гол“. Хелсингборг е претпоследен, но полека се буди, во последните две кола имаше победа и нерешено. Хелсингборг има постигнато само 12 гола, што во просек е помалку од еден по натпревар.
Предлог тип: 1X & 0-3 (1.93)
1958 Фенербахче – Умранијеспор (20.45 часот)
Умранијеспор е нов суперлигаш во Турција и ждрепката сакаше во првото коло да гостуваат кај големиот Фенербахче. Кај Фенер се очекува деби да има Езџан Алиоски. Речиси сите параметри се на страна на истанбулските Канаринци, освен традицијата. Фенербахче и Умранијеспор играле меѓу себе само во 2019 година во Купот и аутсајдерот двапати победувал со по 1-0. Ова е генерална проба за Фенер пред реваншот со Словачко во квалификациите од Лигата на Европа.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.25)
1022 ВБА – Ватфорд (21.00 часот)
Ова е меч од второто коло во англискиот Чемпионпиш, а на стартот двата тима имаа сериозни тестови. Вест Бромич играше 1-1 на гостувањето кај Мидлсборо, додека Ватфорд, кој минатата сезона испадна од Премиер лигата, во првото коло победи со 1-0 против Шефилд јунајтед. Овие клубови последен официјален меѓусебен меч имаа во сезоната 2017/2018, кога беа премиерлигаши.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.11)
1544 Жил Висенте – П. Фереира (21.15 часот)
Првото коло во португалската лига ќе го затворат овие два тима. За Жил Висенте, ова е генерална проба пред реваншот дома со Рига во Конференциската лига. Фереира во подготвителниот период имаше солидни резултати во тесни дуели, или играше нерешено, или победуваше и губеше со рззлика од еден гол. Во минатата сезона, двете нивни пресметки завршуваа со 0-2 гола, Жил Висенте дома нема лигашка победа над Фереира уште од 2015 година.
Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.61)