10.8 C
Skopje
четврток, 16 октомври 2025

Алиоски стрелец за Лугано во триумфот над Целје

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски блесна во дресот на Лугано, каде што повторно ужива статус на стандарден првотимец и веќе се запиша меѓу стрелците по својот камбек во Швајцарија.

Крилниот фудбалер погоди во победата над словенечкиот тим Целје со 4-2 во рамките на Конференциската лига на УЕФА, но триумфот беше Пирова радост поради тешкиот и неочекуван пораз од 0-5 во првиот натпревар.

Алиоски започна од првата минута и во 85-тата минута од белата точка го постигна својот прв гол по враќањето во клубот.

Ова беше негов седми последователен настап за Лугано, а четврти во којшто одигра целосни 90 минути.

- Оглас -

Најнови вести