Алиоски уште во прва минута доби жолт картон за пцуење на судија

Ал-Ахли има водство од 2-1 против саудискиот првак Ал-Хилал по првото полувреме од полуфиналниот дуел во азиската Лига на шампиони.

Головите за Ал-Ахли ги постигнаа некогашните премиерлигашки голгетери Роберто Фирмино и Иван Тони, а стартер во овој тим е и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, кој исто така во минатото има играно во Премиер лигата.

Алиоски ретко игра за Ал-Ахли, пријавен е само во азиската ЛШ, па веројатно и тоа придонесе денеска во мечот да влезе нервозен и уште во првата минута доби жолт картон поради приговор кон судијата, па имаше среќа што не беше и исклучен.

- Оглас -

Најнови вести