Прецизна паралела на Џани низ цел терен: Македонија на Мундијал, па тоа ќе биде чудо како мене, ме исфрлија од Јанг бојс, па играв во Премиер лигата

Езџан Алиоски верува во чудо и настап на Македонија на Мундијалот во Катар, а направи интересна споредба со својот пример, од непожелен играч во швајцарскиот Јанг Бојс до блескави настапи во Лугано и потоа и за Лидс во Премиер лигата.

„Реалноста е дека Италија е фаворит против нас, но тие ќе бидат под огромен притисок. Македонија покажа дека знае да игра фудбал, а чуда се случуваат. Би било чудо да ги минеме Аѕурите и особено да играме на Мундијал.

Но, еве погледнете го мојот пример, кој е вистински доказ дека чудата во фудбалот се случуваат. Ме исфрлија од Јанг бојс и размислував и за прекин на кариерата, но се вратив со одлични игри за Лугано и потоа стигнав и до Премиер лигата во Англија, која е една од најсилните на светот. Важно е да верувате, а јас и моите соиграчи ќе сториме сè за да се случи уште едно чудо уште утре во Палермо“, изјави Алиоски за италијанските медиуми.

Од популарниот Џани ќе зависат и мнигу работи на теренот во нашата игра, а сегашниот играч на Ал-Ахли во Саудиска Арабија е непоправлив оптимист и верува во сензационален настап на Македонија во Катар, што би било историја за нашиот фудбал и прво учество на Мундијалите.

 

- Оглас -

Најнови вести