Алиоски: Во животот нема ништо случајно, против Исланд ќе одиме да одиграме како против Ерменија

Езџан Алиоски е еден од најстандардните во македоснката репрезентација и единствен кој заедно со пензионираниот Горан Пандев може да се пофали дека има постигнато гол на Европско првенство за Македонија.

За разлика од Пандев, Алиоски уште има шанса со националниот тим да игра и на Светското првенство во Катар, па и таму да се запише во листата на стрелци. Сепак, треба да се оди чекор по чекор, а следен е тоа дека Македонија в недела во Скопје треба да го победи Исланд и да обезбеди место во баражот за Светското првенство.

„Во животот нема ништо случајно. Се ова што го постигнавме е благодарение на многу работа. Се гледа нашиот квалитет. Се виде и Македонија У21 дека има квалитет, ние бевме на Европско, а сега сме на чекор од испишување на уште една историја. Да го победиме Исланд, но и ако тоа не го направиме, имаме резултати што Македонија ги немала досега. Ова се најдобри квалификации досега за Македонија. Во недела одиме да ја повториме играта против Ерменија и да го победиме Исланд“, рече Алиоски.

- Оглас -

Најнови вести