6001 Ливерпул – Реал Мадрид (21.00 часот)
Ливерпул нема пораз уште од 8 март, кога загуби од Интер, но и тој пораз не беше страшен. Ливерпул ги освои двата англиски купови, оди по третиот пехар сезонава. Реал убедливо стана првак на Шпанија и одамна е фокусиран само на ова финале. Кај Црвените отсутен ќе биде Ориги, златната резерва, играч кој беше јунак пред три години кога ја освоија Лигата на шампионите. Тијаго Алкантара е ровит, а Ван Дајк и Салах нема да имаат проблеми да играат. Кај 13-кратниот првак, Алаба не е 100 отсто спремен, но се очекува да биде стартер. Ливерпул од 2009 не победил против Реал, но Црвените го имаат победено Реал во финалето за европски првак во 1981 година, истотака во Париз. Реално е двата тима да постигнат барем по еден гол.
Предлог тип: ГГ (1.61)
7173 Микаел Имер – Стефанос Циципас (16.00 часот)
Швеѓанецот Имер во второто коло на „Ролан Гарос“ го елиминираше 29-тиот носител Еванс со 3-1, но ова му е далеку посериозен тест од првите два. Циципас во првото коло загуби два сета, во второто еден, и како ја крева формата, сега би требало да триумфира без загубен сет. Сепак, типуваме дека ќе има барем 31 гејм на натпреварот. Во јануари на Австралијан опен, Циципас лесно го совлада Имер со 6-2, 6-4, 6-3, а ова ќе им биде прв меѓусебен дуел на земјена подлога.
Предлог тип: >29.5 гејмови (1.90)
1037 Мансфилд – Порт Вејл (17.00 часот)
Ова финале за влез во англиската Лига 1 (трета по ранг после Премиерлигата и Чемпионшип), ќе се игра во Лондон на „Вембли“. Мансфилд беше седми во лигашкиот дел, но стигна до битка за влез во ранг погоре. Порт Вејл беше петти. Ова се тимови со сличен квалитет, затоа и квотите за конечен тип се блиски. Портл Вејл уште од 22 март не играл нерешено. Сезонава Мансфилд нема победа против Порт Вејл, еднаш беше нерешено 1-1, еднаш Порт Вејл славеше со 3-1.
Предлог тип: 2-3 гола (1.97)
2502 Стромгодсет – Викинг (18.00 часот)
Тука станува збор за дерби во норвешкото првенство, иако Викинг има седум бода плус во однос на домашните кои имаат и меч помалку, па се со девет одиграни натпревари во кои собраа 14 бода. Стромгодсет тргна катастрофално сезонава, но пет кола не знае за пораз. Последните три нивни меѓусебни дуели завршуваа со 0-2 гола, а Стромдогсет уште од 2017 година нема дадено гол на свој терен против Викинзите.
Предлог тип: Х2 & 0-3 (2.11)
4241 Гојас – Брагантино (21.30 часот)
Ова е дуел на два просечни тимови од бразилската Серија А. Гојас во седум кола собра скромни 8 бода, а Брагантино кој три кола не знае за победа, има еден бод повеќе. Последните три средби на Гојас беа со 0-1 гол, но Брагантино од крајот на април не знае за победа во лигата, а деновиве губеше и во Копа Либертадорес. Пред еден месец се сретнаа во купот, истотака во Гојас, а тогаш Брагантино победи со 2-1.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.07)