Ракометниот клуб Алкалоид од Скопје на своето европско деби во ЕХФ Европската лига вечерва од 20.45 часот во „Јане Сандански“ ја пречекува Војводина, српскиот тим кој во минатата сезона го освои ЕХФ купот и на тој начин си обезбеди место во Европската лига, која е ранг погоре и втора по квалитет зад Лигата на шампионите.
Според квотите во Sport Life, фаворит на хартија е гостинскиот тим, а хендикеп границата е поставена на 2.50 голови, па опција е и да одиграте со колкава разлика би завршил мечот.
Тимот на тренерот Кирил Лазаров не е без шанси. Со давање максимум и поддршка од трибините, Фармацевтите би можеле да изненадат.
Во другиот меч од групата во која е Алкалоид, Бјерингбро-Силкеборг ја пречекува шпанската Ла Риоха и данскиот тим е голем фаворит за победа.