Алкалоид е нов ракометен шампион во пионерска конкуренција

Пионерите на Алкалоид се радуваат на шампионскиот трофеј, откако во финалето, со 22:19 го победија тимот на Охрид.

Завршницата на сезоната беше во Охрид, каде Алкалоид во полуфиналето славеше над Аеродром убедливо со 26:11, додека Охрид по голема драма ја победи Струга на пенали со 26:23, откако по регуларниот дел беше нерешено 22:22.

Во финалето, Алкалоид беше подобар со 22:19 против домаќинот Охрид, што беше доволно за голема радост и освојување на трофејот на скопскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести