Екипата на Алкалоид е освојувач на ракометниот Супер куп трофеј откако со 33:30 го победи шампионот Пелистер на дуел одигран во Гевгелија.
Избраниците на тренерот Кирил Лазаров одиграа одличен меч и вторпат за неколку месеци го победуваат Пелистер и освојуваат нов трофеј, втор по тој во Купот.
По израмнетите почетни 15-тина минути, следуваше добра игра на Алкалоид, кој првпат поведе со три разлика (11:8). Скопскиот тим потоа водеше и со 15:10, предност која ја задржаа и на полувреме (19:14).
Во второто полувреме, Алкалоид постојано ја одржуваше предноста и на крајот заслужено се радуваше на трофејот.