Почнува разврската за титулата во ракометниот шампионат на Македонија, а еден од клучните дуели се игра вечерва (19 часот) во „Автокоманда“. Домаќинот Алкалоид го пречекува Еурофарм Пелистер, кој мора да победи ако сака да ги задржи шансите за шампионскиот пехар, а потоа во сабота ќе му гостува и на Вардар.
Пелистерци откако го загубија пехарот во Купот, сега сите сили ги насочуваат кон шампионатот, но младите ракометари на Алкалоид сигурно ќе сакаат да го земат скалпот на битолскиот состав. Ако победат со повеќе од два гола разлика, тогаш Алкалоид ќе може да се надева на второто место на табелата.
Ќе биде интересно, а дополнителна возбуда носат и квотите во Sport Life.
