Алкалоид е нов освојувач на Купот на Македонија во ракомет за мажи. „Сините“ предводени од тренерот Кирил Лазаров, во денешното финале го победија фаворитот Еурофарм Пелистер со 25-23 по подобро изедување на седмерци, во регуларните 60 минути беше 22-22.
За Фармацевтите ова е прв трофеј во нивната кратка историја.
Во женска конкуренција триумфираше Ѓорче Петров кој убедливо го победи Чаир со 36-24 и ја обезбедо двојната круна за оваа сезона.